Седмица 9-та по Педесетница
СРЕДА
Во приказната за двајцата синови, едниот рече: Ќе отидам господаре, но не отиде (Мт.21,30).Тоа е сликата на сите избрзани добри намери за чие испонување, меѓутоа се нема доволно ниту истрајност, ниту волја, ниту трпение. Срцето лесно е подготвено на се што му изгледа добро. Но, слабата и нетрудољубива волја од почетокот се уддалечува од делата. Таа немоќ се среќава скоро кај секого. Како да се одбегне таквата непријатност пред самите себеси и пред другите? Еве како: не почнувај ништо се додека не си промислил и измерил дали за намераваното дело имаш сили. Така Господ нареди во приказната за војсководачот кој се подготвувал за војна и за градителот на куќа. Во што се состои тоа мерење? Во тоа (како што ни дава Господ да разбереме од наведените приказни) да однапред се вооружиме со самоодрекување и трпение. Погледни дали во тебе се наоѓаат потпори на сите трудбеници во доброто: ако ги има- започни го делото, а ако ги нема – најнапред здобиј се. Доколку се снабдеш, се што ќе те пресретне на патот ќе го претрпиш и совладаш, а започнатото ќе го доведеш до крајот. Мерењето, меѓутоа не значи дека делото треба да се напушти доколку ни изгледа тешко, туку себеси да се подготвуваме на секој напор. Оттаму ќе произлезе цврстина на волјата и постојаното трпение. И никогаш нема да се случи да речеш: „Одам“, и да не отидеш.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА