РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ПРИ ХРАМОТ
СВ. В. МЧ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ
КРИВИ ДОЛ
ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ/ 2010Г.
Недела 01/19 - преп. Макрина; преп. Диј.
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Понеделник 02/20 - св. пророк Илија.
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Недела 08/26 - преп. м.ч-ца Параскева Римска.
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Понеделник 09/27 - св. Климент, св. Седум Численици; св. в.м-ч Пантелејмон.
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Недела 15/02- пренос на моштите на св. архиѓак. Стефан
Утринска со литургија почеток во 07.15ч.
Четврток 19/06 - Преображение Христово
Недела 22/09 - св. ап. Матеј
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Сабота 28/15 - Успение на Пресвета Богородица
Недела 29/16 - Неракотворен Лик Христов; св. Јоаким Осоговски
Утринска со литургија почеток во 07.45ч.
Во 11часот Свечена групна Венчавка
ПОВИК ЗА ГРУПНО ВЕНЧАВАЊЕ НА 29 АВГУСТ
ВО ХРАМОТ СВ. ВМЧ. ГЕОРГИ ПОБЕДОНОСЕЦ
- КРИВИ ДОЛ -СКОПЈЕ
Благочестиви христијани светата тајна Венчание , Нашиот Господ Исус Христос ја востановува, кога во Кана галилејска учествуваќи на една свадбена веселба , благоволи својот благослов да го излее таму , та преку чудесното претварање на водата во вино , го покажа на сите своето благоволение да се освети брачната заедница помеѓу мажот и жената . Оттогаш па наваму ова осветување се врши преку, светата тајна Венчание на која брачниците ја искажуваат пред Бога во Црквата Божја својата искрена слободна волја поттикната од вистинската чиста љубов, да се живее заедно со печатот Христов кој стои како круна на потврдување на ваквиот заеднички живот и единствена можност за изливање на Божјата благодат врз сопружниците како дар -за сила да се надминат сите предизвици во животот, -за создавање благопријатни услови за заеднички живот , - за да се даруваат чеда според божјата волја и истите да се воспитуваат во благочестие, - за да се дарува мирот Божји, радоста, трпението и секое добро за да преку благословениот брак сопружниците зрееќи во секоја добродетел се стекнат со благопријатно искуство и така да дојдат до познавање на Вистината и да се спасат преку милоста Божја.
Бракот кој не е благословен преку светата тајна Венчание не е потврден од Црквата и не е запечатен со благодатта Божја, а и децата кои се родени во непотврдениот брак не се потврдени од Црквата Божја.
Затоа ве повикуваме сите вас кои го немате потврдено вашиот брак во Црквата преку Светата Тајна Венчавање, да го направите тоа заради ваш семеен благослов за утврдување во секое добро радист и мир.Ами!
Воедно и ве покануваме на групната венчавка во манастирската црква св. Вмч. Георги Победоносец
во Криви Дол - Скопје на ден 29-ти август во 11часот.
Заинтересираните да се пријават најдоцна една недела пред орпеделениов ден на телефон : 078 213 043
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оној кој се моли само со устата се моли на воздухот а не на Бога , зошто Бог пази во умот а не на зборовите , како што правиме ние луѓето. / св. Петар Дамаскин/
Со божји благослов од свештенослужителот при храмот о. Горан Тасески
Тел. 078 213 043 e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.