логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ИЛИН ДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

Возљубени празникољупци,

Човекољубивиот Бог секогаш е со својот верен народ. Така било некогаш со избраниот еврејски народ, а така е и сега, во денешни дни, со богољубивите луѓе. Во Стариот завет, кога еврејскиот народ се оддалечувал од Бога, Бог му испраќал праведници, патри­јарси и пророци, да го опоменат и да го вратат кон вистинската вера. Божјите пратеници ја одржувале будна народната свест и народниот дух, го потсетувале народот на неговата потреба од постојана близина со Бога.

Еден од најголемите старозаветни праведници бил светиот пророк Илија. Тој бил ревнител Божји и боговидец, поради што се удостоил и да разго­вара со Бога на гората Хорив (ИИИ Цар. 19, 9-14), а бил присутен, заедно со Мојсеј, и на Христовото преобра­жение (Матеј 17, 3). Затоа, Бог го удостоил и да не умре со природна смрт, туку жив да биде однесен на небо (ИИ Мак. 2, 58).

Инаку, свети Илија живеел во времето кога со израилскиот народ владеел царот Ахав, за кого се знае дека со сопругата Језавела му служеле на лажниот бог Ваал, а кон идолопоклонство го навеле и народот. Царот Ахав го правел она што не доликува пред Бога, па затоа Бог го испратил пророкот Илија, за да ја разобличи неговата постапка и да го врати на вистинското богопочитување. Но, дури и големите чуда што пророкот Илија ги правел во Божјо име пред царот и царицата, не вродиле со плод, напротив, тие повторно паднале во нов грев. Имено, близу царевиот двор се наоѓало едно мало лозје на еден сиро­мав човек по име Навутеј. Царот се загледал во тоа лозје и посакал да го купи, но Навутеј му одговори: Да ме чува Господ да ти го дадам нас­лед­ството од татковците свои (ИИИ Царства 21, 3). Царот се вратил нерас­поло­жен во домот свој, а неговата жена, за да му угоди, се послужила со лукавство, па про­нашла лажни сведоци, кои изјавиле дека Навутеј хулел на Бога и на царот. Потоа го извеле сиромавиот Навутеј пред судот и го осудиле, па го изнеле надвор од градот и, каменувајќи го, го убиле. Откако ја извршиле казната, царот го добил лозјето, но гревот и неправдата што ги направил пред Бога не останале скриени. Господ го испратил пророкот Илија да го пресретне царот Ахав и да му ја каже казната Божја за неправдата што ја извршил.

Возљубени чеда во Господа

Зошто во животот посилните забораваат на послабите и поголемите на помалите? Зошто таквите мислат дека и Бог ги заборава малите и нејаките? А, како што е во животот на луѓето, така е низ човековата историја. За­тоа и времето кога живеел свети Илија е многу слично на нашето маке­дон­­ско време. И животот на страдалникот Навутеј, честопати бил живот и пате­­шес­твие на македонскиот народ. Скоро секој период од нашата историја поминувал низ маки, страдања, распну­вања и разни голготи. И во сите такви премрежија, нашиот на­род имал единствена надеж и закрила во силниот и премилостив Бог. Христијанската вера и Христовата љубов се длабоко вкоре­не­ти во личниот и семејниот живот на Македонецот. Затоа тој, иако често­пати поробен, секогаш бил духовно непобеден и слободен, за да продолжи пона­таму во нова борба за подобра иднина. Тој, исто како и библискиот Наву­теј, за какво и да било друго богатство не се одрекувал од наследството на татков­ците свои, без разлика под чие ропство и насилство се наоѓал.

Возљубени потомци на славните илинденци,

Македонскиот народ, од сите народи на Балканот, најдолго водел борба за слобода. Во нашата историја забележани се мно­гу­бројни неуспешни буни и востанија, но тоа не го обесхра­бру­вало Македо­нецот, туку напротив, ја засилувало неговата желба за слобода. Едно од тие востанија е Илинденското, кое се раз­го­рело ноќта, наспроти 2 август 1903-та година. Во него се слеани сите маке­донски наде­жи за ослободување и сите стремежи за нацио­нална и црков­на слобода. Оттаму, Илинден е симбол на нашиот непокор и копнеж за слобода. За жал, востанието било задушено, но борбата за слобода продол­жила. Така, дочекавме и втор Илинден, во 1944 година, за времето на НОБ, дочекавме и трет, 1991 година, прогласувајќи независна и суверена македонска држава.

Благочестиви чеда на нашата Света Црква,

Илинден, со Божја промисла, стана еден од нашите најголеми и најзначајни празници. Тој е ден кога треба да се радуваме, тоа е време кога треба да заедничариме, тоа е настан што бара да бидеме сложни и едномислени. Да веруваме дека, со Божја помош, доаѓаат благопријатни времиња за нас, како народ, држава и Црква, зашто услишани се молитвите на мно­гу­те македонски светители и слободата е платена со жртвите на нашите претци. Бог му даде на Македонецот, како и на сите други народи, да има своја земја во која самостојно ќе живее и ќе твори, и своја помесна Црква во која ќе се спа­сува.

Затоа, во овие историски мигови, да го исползуваме нашето веков­но искуство, па мудро, со Божја помош и со едномислие, да донесуваме одлуки за нашата иднина. Слободата, нам, на Македонците, никогаш не ни била подарена, за неа сме морале да се бориме, да дадеме жртви за да ја извојуваме. Така и во овие времиња со најразлични искушенија, треба да бидеме будни, со храброст и мудрост да си ги браниме и чуваме светоста на Црквата и името на Татковината. Само како слободен народ ќе можеме духовно, културно и економски повеќе да напредуваме. Тоа ќе можеме да го оствариме, пред сè, потпирајќи се на своите сопствени заеднички си­ли и надевајќи се на правдата Божја.

Возљубени во Господа,

Македонската православна црква и оваа година го празнува Илинден заедно со својот народ, како што заедно ги поднесувала и ги поднесува сите тешкотии и страдања. И денес, преку црковно-народните одбележувања, нашата Света Црква ги зајакнува духовните и патриотски чувства меѓу својот народ, повикувајќи ги на единство сите Македонци во Татковината и расеаните по светот, да бидеме заедно, како во овие илинденски чествувања, така и во сите денови од нашиот живот.

Во оваа година, како Црква и како народ, одбележуваме и 1100 години од блаженото упокојување на свети Наум, охридскиот чудотворец. Ова е уште една прилика да Му заблагодариме на Бога за големиот дар, за небоземниот горостас и заштитник свети Наум и за неговото дело. Ретки се народите и Црквите што можат да се пофалат со повеќевековна историја и со такви духовни големини, со такви подвижници и чудотворци, каков што е нашиот просветител и закрилник – свети Наум. Секогаш и во секое време да Му благодариме на Бога за сите дарови со кои нè обдарил, зашто „без Бога не можеме ништо да направиме” (Јован 15, 5).

Да се молиме на Господ да ни подари цврстина во верата, како на светиот пророк Илија, на нашиот свети Наум и на сите светии. Со ревноста на про­ро­кот и молитвеноста на охридскиот чудотворец, да се бориме против злото и да ја браниме вистината, но и смело, слободољубиво и братољубиво да чекориме по патеките траси­рани од нашите великани и херои за духовна и национална слобо­да. Да си спомнеме и за славниот Самоил, и бестрашниот Карпош, и за сите предилинденци, илинденци и поилин­денци, и да се моли­ме за покој на нив­ните души, Господ Бог да им дарува Царство Небесно.

Честитајќи ви го празникот и годишнината, ви испраќаме архипастирски благослов, со молитва пред семоќ­ниот Бог за радосен и богоугоден живот, исполнет со празничен дух, проникнат со силата на верата Христова. Да го прославиме Илинден, тој свет ден и црковно-национален празник, и овде во Татковината и до каде што нè има по светот. Да се собираме околу Црквата наша, за да се потсетуваме на сè што е свето и маке­донско. Да ги вкусиме плодовите од големата милост Божја, по молитвите на свети Илија, свети Наум и на сите свети богоугодници. Да се радуваме и прославуваме со нив, за да биде прославено името Божјо и да биде нашата радост вечна, сега, секогаш и во вечни векови, амин.

 

 

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

† С Т Е Ф А Н

 

ЧЛЕНОВИ НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД:
† КИРИЛ, Митрополит Полошко – кумановски
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и
администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ГОРАЗД, Поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 

На Илинден, 2010 Лето Господово

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

21/07/2025 - понеделник

+Св. великомаченик Прокопиј; Св. Прокопиј Јуродив; Преп. Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули  2025

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули 2025

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная