Скопје, 2 август 2010 год- храм св.вмч. Георгиј Победоносец, Криви Дол
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 58)
Во она време виде Исус многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна. Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет лебови и две риби.“ Он им рече: „Донесете Ми ги тука!“ И како му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците - на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
На 2 август 2010 година, во Единаесеттата недела по Педесетница, на празникот на свети пророк Илија, во храмот посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010