Скопје, 27 август 2010 год- храм на св.вмч. Димитриј
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 5)
Во она време, дојде Исус со Јакова и Јована во куќата на Симона и Андреја. А баба му на Симона лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. И кога пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана; и почна да ги послужува. А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни. И целиот град се беше собрал пред портата. И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови и не им позволуваше на бесовите да кажуваат дека знаат оти е Он Христос.
На 23 август 2010 година, во 14-тата недела по Педесетница, на празникот на светиот пророк Михеј II, Светиот свештеномаченик Маркел, епископ Апамејски;, во храмот посветен на св.вмч. Димитриј, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010