29 август 2009 год- манастир на св. Никола, с. Љубанци (скопско)
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 82)
Во она време, кога излегуваше Исус од Ерихон, по Него врвеше многу народ. И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и рекоа: „Помилуј нè, Господи, Сине Давидов!“ А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Помилуј нè, Господи, Сине Давидов!“ Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да ви направам?“ Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“ И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите навни; и тие тргнаа по Него.
Во 14 ттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на Неракотворната икона на Господ Исус Христос, и преподобен Јоаким Осоговски, во манастирот на св. Никола во село Љубанци (скопско), се отслужи Божествена Литургија На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Отец Зонко, сопригодна беседа им се обрати на насобраниот верен народ укажувајќи на значењето и големината на денешниот празник на Неракотворната икона на Господ Исус Христос, како и значењето на светителот Јоаким Осоговски, кого покрај манадстирот го прославуваат и мештаните во селото Љубанци.
По Литургијата
Традиционално, манастирот на св. Никола ја прослави храмовата слава во чест и слава на преподобен Јоаким Осоговски, и на многубројните насобрани мештани и гости, принесувајќи им ја трпезата на љубовта.
Лето Господово 2010