Манастир на св. Никола, с.Љубанци (скопско)
Добротољубие I
Борбата да ја сочуваме молитвата во нашиот ум не произлегува само од неговата природна слабост и тежнеењето да скита, таа е исто така и последица на гневот и нападите на демоните. Сепак, со време нашата истрајност ќе ни ја донесе победата. Нашиот ум Му припаѓа на Бога и, малку по малку, тој мора да стане ’Христов ум’. ...А ние, ако сакаме нашето срце да гори со бестелесниот оган на Божествената љубов, да го храниме постојано со огнот на непрестајната молитва!
12 септември 2010 год.- На празникот на светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски и Преподобен Христофор;
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 93)
Во она време, Исус му прорпведаше на народот и на учениците Свои, говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат; врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат; и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека; сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, и поздрави по улиците, и да им велат луѓето ,учителе, учителе!’ А вие, немојте да се нарекувате учители, зашто еден е вашиот Учител - Христос, а вие сте сите браќа; и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата; и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник - Христос. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга; зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“
Лето Господово 2010