Свети Игнатиј Брјанчанинов
Пред Бога, на Неговите терезии, секое страдање, секоја тага ја губи тежината, зашто осенувајќи со Својата благодат Тој и најголемото страдање може да го претвори во најголема духовна сладост. Но, и најмалото искушение пред Бога има полна вредност, нималку помала од големите искушенија. Сѐ зависи од Неговата благодат. Бог милостиво го прима од човекот секое страдање коешто тој со благодарност го поднел, покорно и славословејќи.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 25)
Во она време се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за сè што направиле и на што поучувале. А Он им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат. И отидоа со кораб сами во осамено место. И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови тргнаа таму; ги испреварија и се собраа при Него. А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу. И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е; распушти ги за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, оти нема што да јадат.“ Он им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Освен да отидеме и да купиме за двесте динарии леб, па да им дадеме да јадат?“ Потоа Он ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа, рекоа: „Пет лебови и две риби.“ Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева. И поседнаа на редици по сто и по педесет. Он ги зеде петте лебови и двете риби, па, како погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. И јадеа сите и се наситија. И кренаа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви. А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи. И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Он не го распушти народот.
На 17 септември 2010 година, во 17-ттата недела по Педесетница, на празникот на Светиот свештеномаченик Вавила; Светиот пророк Мојсеј Боговидец, во храмот посветен на св.Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Скопје, 17 септември 2010 год- храмот на св.Петка