Свети Исаак Сирин
Осени ја Господи Својата света Црква, искупена со Твојата Крв. Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владетелите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот, удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата света рака, ...што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.
Скопје, 24 септември 2010 год- храмот на св.Петка.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 30)
И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го знае. Но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па како дојде, падна пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се насити челадта; зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.“ И ѝ рече: „3а тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а бесот беше излегол.
На 24 септември 2010 година, во 18-ттата недела по Педесетница, на празникот на преподобна Теодора Александриска, свети Пафнутиј Исповедник и преподобен Ефросин готвач, во храмот посветен на св.Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010