Свети Исаак Сирин
Кој верува дека во рацете на неговиот духовен отец се наоѓа неговиот живот и неговата смрт никогаш нема да му противречи на својот пастир. Незнаењето за истото раѓа противење што ја предизвикува духовната и вечна смрт.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 101)
Рече Господ на Своите ученици: „Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат. А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец; но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби се, - така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки; тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави; две жени ќе мелат на рачници: едната ќе се земе, а другата ќе се остави. Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. 3најте го и тоа, дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би стоел буден и не би позволил да му ја поткопаат куќата. Затоа бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки.
На 26 септември 2010 година, во 18-ттата недела по Педесетница, на празникот на светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот, светата маченичка Кетевана и преподобен Еротеј, во манастирската црква посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.