Свети Симеон Нов Богослов
На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господа, Господ не им допушта никогаш наполно да пропаднат, туку гледајќи ги изнемоштени, им содејствува и им помага, пружајќи им ја одозгора раката на Својата сила и возведувајќи ги кон Себе. И им содејствува понекогаш јавно а понекогаш тајно, знајно и незнајно, се додека тие, откако ќе ја минат целата лествица, не се приближат до Него и се додека сецело не се соединат со Сецелиот, заборавајќи на сѐ земно и сопребивајќи со Него, и вкусувајќи ги неискажливите добра.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 51)
Рече Господ на Своите ученици: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
На 30 септември 2010 година, во 19-ттата недела по Педесетница, на празникот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија,светата маченичка Агатоклија, во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, отец Зоран отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010