Тропар на апостолот, глас 3.
Апостоле свети Томо, милостивиот Бог моли Го, да им даде прошка на гревовите на душите наши.
Кондак глас 4.
Вистинскиот Христов апостол и служител, исполнетсо благодат на премудроста, во покајание Ти викаше: Ти си мојот Бог и Господ.
Икос: Петар му рече на Господовиот ученик и големиот тајнопроповедник, богоглаголивиот Тома:Го видовме Господа! А тој рече: Ако не ги видам раните од рацете Негови, нема да поверувам, викаше Близнакот. Тогаш Господ , Кој како слуга дојде сакајќи да ги спаси сите, му рече на Тома:Допри ги рацете Мои и ребрата, и не биди неверен, бидејќи Јас сум твојот Бог и Господ. А тој со покајание повика:Ти си мојот Бог и Господ.
Свети Јован Лествичник
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.
На 19 октомври 2010 година, во 22-та недела по Педесетница, на празникот на светиот апостол Тома и преподобниот новомаченик Макариј, во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 25)
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! Тешко вам преситени сега, оти ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете! Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто така им правеа на лажните пророци и нивните татковци! Но вам, што слушате, ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве навредуваат! На оној, што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној, што сака да ти ја земе горната облека, подај му ја и кошулата. Секому, кој ти бара, подај; а од оној, што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати!“
Скопје,- храмот на св. Петка
Преминпортал
Лето Господово 2010