Светиот апостол Филип
Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.
Свети Нил Мудриот
Секогаш сеќавај се на Бога и твојот ум ќе се претвори во небо
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 20)
Во она време излезе Исус и виде еден митник, по име Левиј, кој седеше на митницата, и му рече: „Врви по Мене!“ Тој остави сè, стана и тргна по Него. И во својот дом Левиј Му приготви голема гозба; а таму имаше многу митници и други што седеа на трпезата со нив. Книжниците, пак, и фарисеите негодуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „3ошто со митници и грешници јадете и пиете?“ Исус им одговори и рече: “Здравите немаат потреба од лекар, но болните; не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
На 24 октомври 2010 година, во 22-та недела по Педесетница, на празникот на Светиот апостол Филип; Преподобен Теофан Начерта , во манастирската црква на св. Наум Охридски, но населбата Радишани , во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Скопје,- манстир на св. Наум Охридски
Преминпортал
Лето Господово 2010