Седмица 28-та по Педесетница
Недела дваесет и осма по Духовден
Затоа што многу се повикани, а малку избрани (Лука 12, 24). Повикани се сите Христијани, а избрани се оние кои што веруваат и живеат христијански. Во првото време од Христијанството, проповедта повикувала на вера. Меѓутоа, ние сме повикани со самото раѓање од Христијани и со воспитувањето помеѓу нив. И слава му на Бог за тоа! Половина од патот т.е. стапувањето во Христијанството и вкоренувањето на неговите начела во срцето од самото детство, ние ги поминуваме без труд. Бе се рекло дека заради тоа ќе биде појака верата а животот поисправен за цело идно време. Така и беше. Меѓутоа од пред некое време кај нса почна да биде поинаку. Во училишното воспитување се воведени нехристијански начела кои ја расипуваат младината; во друштвото навлегоа нехристијански обичаи кои што ја развратуваат младината по нејзиното излегување од училиште. И затоа не е чудно што, според Божјата реч, и така малиот број на избрани, во наша време станува уште помал. Затоа што веќе и духот на времето е против христијански! А што ќе биде понатаму? Доколку кај нас не се измени начинот на воспитување и доколку не се изменат обичаите во друштвото, се повеќе и повеќе вистинското Христијанство ќе слабее, и на крајот сосем ќе исчезне. Ќе остане само христијанското име, но нема да го има христијанскиот дух. Се ќе се исполни со дух световен. Што да се прави? Треба да се молиме....
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.