Деканот на Богословскиот факултет св. Климент Охридски, протоереј -ставрофор Ацо Гиревски
пред присутните верници се обрати со пригодна беседа, во која меѓу другото рече:
...Целото Евангелие учи дека треба да се остави помалото заради поголемото, минливото заради неминливото, лошото заради доброто, евтиното заради драгоценото.
Кога Евангелието не би ветувало поголеми вредности, тогаш кој би ги оставил помалите?
Кога не би се отскривал сјајот на драгоценото, кој би го напуштил поевтиното благо?
Кој доброволно би го предал својот живот на мачење или смрт, ако не го предчувствувал бесмртниот живот?
Кој доброволно би побегнал од светот и животот за да го помине на столб во молитва и богомислие?...
Светителите и Божјите угодници знаеле за благодатта на Евангелието, па затоа така постапувале.
На пример: св. Никола ги отфрлил почестите како на владика и не ја присвоил наградата која народот му ја давал - во име на милосрдието кон сиромасите; св. Петка го оставила светот во име на ревноста христова; Преподовниот Алимпиј Столпник малите нешта од овој свет ги заменил во име на молитвата и подвишништвото; св. Димитриј и особено св. Ѓорѓи, младоста и убавината ги замениле во име на одбраната на верата православна.
Ете, гледате, секој светител е исполнето Евангелие и претставува оживотворено и конкретизирано Слово Божјо. Секој од нив е исполнител на Евангелието, според зборовите на светиот апостол и евангелист Матеј (7, 24).
Повеќе:
Архиерејска Литургија во храмот на св. Ѓорѓи Победоносец во н. Чаир