Осма песна:[1]
К |
ој ќе ги изброи вашите чудеса во светот, прехвални,
што ги правите над страдалниците?
Слепите прогледуваат и на болните им давате исцеление.
Свештенослужители бевте заедно со Јеротеј,
на Христовото стадо - преподобен пастир.
|
Л |
(ю) Љубов и вера (пре)доблествено ве красат,
во подвизите еден со друг - преуспевавте,
со пост и бдение врвот го достигнавте.
Со сиротољубие и почит кон страдалниците,
татковци на сираците, помагачи на слепите,
Христос превознесете Го и за нас молете се во сите векови.
|
И |
скусни светилници, мракот гревовен го прогонивте,
како прекрасни сонца изгреавте над градот (Тивериопол).
Архиереју Тимотеј со Комасиј, Евсевиј и Теодор блажен,
како Арон стоите пред престолот на Владиката
и со Тома возгласувате: Луѓе, благословете Го (Господа)!
|
М |
ногуте, премногу мои гревови уништете ги,
богозрачни светилници, архиереи!
Со вашите молитви го прогонувате гревовниот мрак,
и милост измолете од Бога, Кого во Три Лица,
Единосуштен по природа Го воспеваме!
Богородичен:[2]
Прими го сега, Владичице, овој умилен принос,
и не одвраќај го Твоето лице од нас,
што нè гледаш заробени во маки и болки.
Зашто немаме друго прибежиште, освен Тебе, Пречиста!
Во радост претвори ги нашите воздишки,
за да Те воспеваме во сите векови.
|
Деветта песна:
Е |
дна божествена сила во Три Ипостаси ја проповедавте!
Лагата бесовска од корен ја пресековте!
Ариј го победивте со светите беседи, блажени!
Затоа достојно вашиот спомен го почитуваме,
и молиме за прошка на гревовите.
|
Н |
ов Авраам, си блеснал со љубов кон страдалците,
на сираците татко си бил, преподобен!
Заштитник на вдовиците, страдалниците ги утешуваше.
Затоа денес те почитуваме, Теодоре,
и молиме за избавување од маките!
|
Т |
роица Пресвета, светители едногласно за мене помолете се,
Тимотеј премудар, Комасиј и Евсевиј,
Теодор богопочитувачу, Јеротеј и Харитон,
Даниил со Тома, богозарни светилници,
Избавување измолете за душите наши!
(од Службата на светите Тивериополски (Струмички) маченици составена од свети Климент Охридски)
[1] Според акростихот од осмата песна го откриваме идентитетот на авторот свети Климент (Охридски).
[2] Овој Богородичен тропар е петти во песната и го нарушува акростихот. Според многу современи истражувачи овој тропар најверојатно е напишан подоцна.
Извор: mpc.org.mk