Седмица 29-та по Педесетница
Недела, дваесет и деветта по Духови
Исцелени се десет лепрозни, а само еден се врати да му заблагодари на Бога (Лука 17, 19-21). Зарем не е таква пропорцијата на благодарност и меѓу сите луѓе кои што примиле добро од Бога? А кој од луѓето не примил добро, или подобро речено, што имаме а што ни се случува нам што не е добро? А дали сите му се благодарни на Бога и дали благодарат за се? Непротив, има и такви кои себеси си го дозволуваат прашањето: „Зошто Бог дал живот? Подобро би ни било да не нема“. Бог ти дал живот за вечно блаженување. Тој ти го доделил животот како дар и штедро те снабдил со сите способности за достигнување на вечно блаженство. Сега се зависи само од тебе. Треба само малку да се потрудиш. Меѓутоа ти велиш: „Да, но јас среќавам само горчина, несреќа, болест и напаст“. Па што! И тоа спаѓа во бројот на средства за стекнување на вечно блаженство. Само потрпи! Целиот твој живот не може да се нарече ни миг во однос на вечноста. Во однос на вечноста не е ништо дури и кога цел живот би требало да страдаш. Меѓутоа ти имаш и часови на утеха. Не гледај на сегашноста, туку на она што ти се подготвува во иднината, и погрижи се да бидеш достоен за тоа. Тогаш нема ни да ја забележиш горчината. Целиот ќе биде проголтан со бессомнителна надеж за вечните утехи. Тогаш нема да затаи благодарноста на твоите усни.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.