Седмица 30-та по Педесетница
Четврток
Историјата тече и се чини незапирливо ги одредува поединечните настани. Колку само имало припреми за прифаќање на Спасителот!... Конечно дојде и Неговиот предвесник – Јован. И што се случи? Му направија што сакаа (Мк. 9, 13), а Синот Човечки, како што е напишано за него, треба да пострада многу и да биде понизен (Мк.9, 12). Текот на настаните не можеше да се промени. Така е секогаш: текот на историјата влече се со себе. Меѓутоа се поставува прашањето: „Каде е слободата? Што останува од неа при таков ред на настаните? Ништо друго освен призрак“. Така обично расудуваат фаталистите. Сепак сеопределувачката неопходност на текот на настаните нам само ни се причинува: всушност сите човечки настани, и општи и поединечни претставуваат плодови на слободните потфати на човекот. Тоа општото тече како што тече, затоа што сите или мнозинството така сакаат. И поединечното доаѓа во согласност со општото затоа што овој или оној поединечно така сака. Доказот за тоа е очигледен: насред општото зло се случуваат и добрите поединости. И уште нешто: следствено на цврсто уреденото општо, се раѓаат поединости кои што разделувајќи се и јакнејќи се повеќе и повеќе на крај го надвладуваат самото општо и го превземаат неговото место. Меѓутоа поединостите се секогаш дело на слободата. Што било заедничко помеѓу Христијанството и карактерот на времето во кое што тоа се зачнало? Христијанството посеало неколку личности кои што не биле пород на неопходниот тек на историјата. Тоа кон себе ги привлекло оние кои што имале желба да го прифатат, раширувајќи се надалеку и станувајќи општо за тогашното човештво: тоа било дело на слободата. Истото се случува и во лош правец. Како се расипа западот? Сам себеси се расипа, затоа што луѓето наместо од Евангелието почнале да се учат од незнабожците и да ги примаат нивните обичаи. На крајот и се расипале. Така ќе биде и кај нас: почнавме да учиме од запад кој што отпадна од Господ Исус. Во себе го примаме неговиот дух. Тоа ќе се случи така што, слично на Западот, ќе му свртиме грб на вистинското Христијанство. Доколку сакаме ќе го изгониме западниот мрак, доколку не- ќе заглибиме во него.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.