Седмица 30-та по Педесетница
Недела триесетта по Духови
Светите праотци. Навистина, големи луѓе! Ако ја воопштиме мислата со која што се одредува нивната големина ќе го добиеме следното: вистински големи луѓе се само оние кои што ја исполнуваат потврдната Божја воља во однос на човечкиот род, бидејќи многу работи се случуваат само по Божјо допуштение. Од друга страна има силни делатели кои дејствуваат заобиколувајќи ја Божјата воља, или дури и се спротивставуваат. Тие изгледаат големи, иако не сами по себе, туку заради големите противдејствиа кои што ги превзема Божјата промисла заради поништување на злото кое што го предизвикале. Непосредната Божја воља за вечно спасение ние ја знаеме. Меѓутоа Божјите планови за временското пребивање на луѓето на земјата се сокриени од нас. Затоа нам ни е тешко да одредиме кој делува поисправно т.е. по Божјата воља. Само еден одреден критериум може да се признае како недвосмислен: оној кој што дејствува спротивно на Божјата одлука за вечно спасение на луѓето не може да се смета за голем, па какви и да се неговите дела, затоа што е очигледно дека оди против откриената Божја воља. И иако таа откриена Божја воља не се однесува на она што е временско туку на она што е вечно, сепак нема сомнение дека една Божја воља не може да и противречи на другата.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.