Божјата Мајка
Еднаш одамна ме праша една душа: „Зошто Мајката Божја се почитува така високо, не само повеќе од светите луѓе, туку и од Ангелите и Архангелите?“ Одговорив: „Затоа што ни Ангелите ни Архангелите, ни Херувимите ни Серафимите немале толку блиско и важно учество во уредувањето на нашето спасение, како Таа“. Уредувањето на нашето спасение се нарекува Домострој на Воплотувањето. Било потребно Синот Божји и Бог да прими во Својата ипостас човечка природа, бидејќи без тоа нашето спасение не можело да се уреди... Оваа природа е земена од Приснодева, преку Светиот Дух и осенување со силата на Севишниот. Ангелите и Архангелите во настанот на Воплотувањето служат на надворешен начин, не влегувајќи во суштината на делото на Воплотувањето, додека Божјата Мајка влегува. Поради тоа Таа се почитува повеќе од секое создание... Силата на ова суштинско учество во Воплотувањето и Нејзиното застапништво за нас, појако е од секое друго.
Претпразненство на Рождеството Христово
Богородичен:
Богордице, ти си вистинска лоза, која ни Го израсна Плодот на животот. Тебе ти се молиме: Моли се, Владичице, со светите апостоли, да ги помилува душите наши.
СВЕТА ДЕВО ВЛАДИЧИЦЕ