Одговара: отец Горан Тасески
Прашање: од Д...
Каде оди душата по смртта? Нели на судниот ден Исус Христос ги одделува грешните од праведните и потоа им се суди.Некому за живот вечен некому за смрт.А до тогаш каде е ?
Одговор:
Господ секое добро да ви дари. Кога човекот се упокои неговото тело се распаѓа и останува во земјата во гробот до општото воскресение до Судниот ден. Душата пак оди пред Престолот Божји и се врши таканаречениот посебен суд каде се испитуваат сите наши постапки, мисли, дела, покајание, верата во Господа Исуса Христа... Молитвите на Црквата Божја на Пресветата Богородица и на светиите притекнуваат кон Божјата милост а од друга страна пак стојат демонските обвинувања за сите наши зли дела мисли неверие .. Потоа следи Божјата одлука каде ќе оди душата на упокоениот во Царството Небесно - Рајот или во Пеколот . Таму душата не спие како што некои погрешно мислат туку сосема реално ги доживува работите во Рајот Блаженствата, во пеколот страданијата и маките...