Молк кој ни потраја три дена...
Затоа што средбата со нив во просториите на храмот на св.Петка, предизвика водушевување, почит и љубов...
Затоа што се толку големи во својата хуманост и добрина...
Затоа што со покривката на светлината, преполни со љубов кон ближниот, подарија дел од себе ...
Затоа што (од крводарителната акција на 13 февруари 2011 година), 57 доброволни дарители на крв со Божа волја и благослов ќе спасат нечии животи...
Затоа што се сите толку насмеани, мили, благи, незаборавни ... а фотографиитее немоќни тоа да го доловат....
Поради сето тоа..повторно ќе се сретнеме!
Јованчо, почнувајќи од својата 17 година, над 60 пати е крводарител, како вели самиот, повеќе и не ги брои соите учества во крводарителните акции. Игор е 9- ти , Радмила- 5-ти, Зоран над 20-ти пат.
Општинската организација на Црвен крст Кисела Вода – Скопје, во соработка со општините Кисела Вода и Центар и Институтот за трансфузиологија на Р.М., по повод верскиот празник на св. Трифун, традиционално, по трет пат организираа голема крводарителска акција.
МОЛИТВА НА БОГОБОЈАЗЛИВ КРВОДАРИТЕЛ
ГОСПОДИ МОЈ ГОСПОДИ
КАКО ШТО ТИ ТВОЈАТА КРВ
ДОБРОВОЛНО ЈА ПРОЛИ ЗА СПАСЕНИЕ
НА СВЕТОТ,
ТАКА УДОСТОЈМЕ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ,
НЕОСУДЕНО ДА ДАРУВАМ КРВ
ЗА СПАСЕНИЕ НА ЕДЕН ЖИВОТ.
ЌЕ ГО БЛАГОСЛОВУВАМ И ПРОСЛАВУВАМ
ТВОЕТО ПРЕЧЕСНО ИМЕ
СЕГА И СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ
АМИН.
Слободан:„Како Тоше Проески и јас сакам да спасам живот.“
Додека Никола по 36 пат дарува крв, покрај него е неговата ќеркичка, најверојатно и идниот крводарител, што и нее ништо необично, бидејќи овде се сретнавме со неколку фамилии на крводарители.
На Јордан му беше роденден, и тој одбра да дојде по 30 пат да дарува крв.
По примерот на таткото Александар (30 пати крводарител), Монника за прв пат е крводарител, братот Мартин 4-ти, мајката Зорица 5-ти.
Преминпортал
К.Т.
ФОТО БЕЛЕШКА
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.mk/images/Krvodariteli.sv.Trifun