Среда (36)
Затоа уште вели Господ: Обратете ми се со сето свое срце, со пост, плач и тагувајќи. И раскинете ги срцата ваши, а не своите облеки, и обрнете се кон својот Господ Бог, бидејќи е милостив и жалослив, бавен на гнев и многумилостив... ... Затрубете во труба, наредете пост, и објавете свечен собир ... нека излезе младоженецот од својата одајаи невестата од својата горна одаја...нека плачат свешетниците, служителите на Господа, и нека речат: „ Смилувај се Господи, на народот Свој“(Јоил 2,12-17). Кој друг го слуша овој глас, кои се разлева во Црквата? Кога на среде плоштадот би се разлеал од небото громогласен глас: "Смилувајте се, луѓе, сами кон себе си , за да и Господ се смилува", може да биде некој да слушне и да се освести од опиеноста, похоттата и виното. Свештениците не престануваат да возгласуваат: "Смилувај се Господи." Меѓутоа од Господ доаѓа страшен одговор, "Нема да ве поштедам, затоа што никој не бара да го поштедам." Сите стојат со грбот свртени кон Господ. Сите се одделени од Него, и Го заборавија.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.