Сабота (36)
И кои се Христови го распнаа тело со страстите и желбите. Во нашето време се пресвтре поредокот: сега не го распнуваат телото со неговите страсти и желби, но со ненаситност, пијанство, прељуба, игри и забавување! Ниту најбезмилосниот селанец не го мачи толку својот мрзлив добиток. Кога нашето тело би добило слободата и разумот, неговиот прв збор ќе биде прекор против својата господарка -душата, т.е.. што таа незаконски се вмешала во неговите работи, внела во него страсти кои му се страни и го мачи практикувајќи ги. Всушност, потребите на нашето тело се едноставни и безстрастни. Види ги животните: не се прејадуваат, не спијат отповеќе, ќе ги задоволуваат своите потреби во одредено време, и потоа цела година остануваат мирни. Единствено душата, заборавајќи на своите подобри особини, според простите потребите на телото, предизвика многу противприродни стремежи кои, со својата неумереност , станаа противприродни и на телото. Заради тоа, за да се отсечат од душата телесните страсти, неопходно е распнувањето на тело, само во сосема спротивна насока од наведеното, односно. не давајќи му доволно ни она што му е потребно, или ги задоволувајќи ги неговите потреби во многу помала мера отколку што бара неговата природа.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.