„Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите“ ( порака од Евангелието по Матеј. 6, 14 – 15, која се прочита на денешната Божествена Златоустова Литургија).
На 6 март 2011 година, во последната недела пред почетокот на Великиот пост, која уште се нарекува Недела на проштевањето- прочка , во храмот на св. Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011