Понеделник (1.недела од постот)
"Дојде постот, мајка на целомудреноста" [т.е. душевната чистота]. А какво беше времето до тој ден? Време на блудење? Душата блудела со сето пријатно кое што и се даде како пријатна глетка пред очите - и со луѓе и со работите, а уште повеќе со гревовните страсти. Секој има своја страст на која и во се и угодува. Но, сега да му ставиме крај на тоа. Нека секој ја препознае својата Далила која го врзува и го предава на злите непријатели, и нека ја напушти. И ќе ти биде дадено повеќе отколку на Сампсон: не само што ќе ти израсне косата, т.е.. благите мисли, и не само што ќе се врати силата , т.е. јачина на волјата, но и очите ќе ти отворат, односно. умот ќе стане светол и ќе те погледне Господ. Бидејќи сега се наоѓаш во вистинската светлина. Еве, сега е најдобро време! Еве, сега е денот на спасението!
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.