логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во црквата на овие Светители во Струмица, а во присуство на многуброен верен народ, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со надлежниот Митрополит струмички г. Наум, Митрополитот повардарски г. Агатангел и Митрополитот европски г. Пимен.


На Литургијата Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј одржа беседа, во која рече:

Молитвата е разговор на човекот со Бога. Човекот што верува, живее со молитвата. Оној што не верува во Бога, тој и не чувствува потреба да се моли. Човекот за да се моли потребно е правилно и потполно да верува во постоењето на Бога. Дури потоа може да воспостави „блисок контакт“, по пат на молитвата со семоќниот Бог; да води духовен разговор по пат на молитвата. Тој однос треба да биде нешто сличен на односот на пријател со пријател, роднина кон својот роднина, брат со брата, послушни деца со родител. Молитвениот однос се искажува со мисли, зборови, постапки – дела: со внатрешно погледнување во душата и срцето. За одржување на „контактот“ се користи говор – зборови. Со размислување – внатрешно и со молчење се воспоставува жив допир, кој предизвикува неизмерна радост во душата на оној кој на таквиот начин заедничари – разговара со својот Творец.

            Го запрашале еден светител, што тој прави кога сам седи многу часови во храмот, не зборувајќи ништо и со никого. Овој му одговорил: Јас гледам во Бога, а Он гледа во мене, и ние така разговараме, и за двајцата е убав таквиот разговор. Тоа е и правиот однос на човекот кон Бога, бидејќи тој непосредно зборува со Бога, соучествувајќи и со оние кои се околу него во заедничкиот молитвен разговор со Бога. Тоа е најдобриот начин на молитва. Молитва со зборови без внатрешна активност е празна, непотполна. Псалмопеачот Давид повикува кон Бога: Господи отвори ми ја устата и таа ќе Те фали.

Во Светото Евангелие запишано од светиот апостол Матеј, се сретнуваме со еден посебен начин на молитва. Имено, мудреците од Исток, дошле да се поклонат на Витлеемскиот Младенец и наоѓајќи Го во јасли во пештера, Му се поклонија, па отворајќи ги своите ризници Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна, со тоа покажале најсовршен облик на молитва во созерцание и трепет.

            Во црковната литература често се зборува за молитвата дека таа е возбудливо патешествие. Интересно е да се молиш на Бога. Се сретнуваме со Бога и го наоѓаме патот на духовниот живот. Но тој пат е прилично и ризичен. Светиот апостол Павле вели: Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог! (Евр. 10, 31). Ако ние сакаме да се приближиме кон Бога со вера и љубов, тогаш помеѓу нас нема растојание, бидејќи Бог преку нашата вера и љубов се приближува до нас. Ако ние стоиме пред Него во оклоп на гордост, самоувереност, таквиот наш став нѐ одалечува од нашиот Творец Бог, како што сатаната ги одалечил нашите прародители измамувајќи ги. Секогаш кога се доближуваме кон Бог, ние се поставуваме пред живот или пред смрт. Живот имаме ако пристапуваме кон Него со вистинска молитва, свесни од една страна за нашата недостојност, а од друга страна свесни за неговата светост, и праведност; а пред смрт, ако не пристапуваме кон Него со скрушено срце. Потребно е во нас стариот Адам да умре. Додека сме во незнаење не се бара од нас одговор, а кога знаеме тогаш сме одговорни.

            Во молитвата мораме да постапуваме со стравопочитување кон Бога. Должни сме да Го прославуваме Бога и во телата и во нашите души, бидејќи и нашите тела се повикани, како и душите, во славата на царството Божјо. Затоа свети апостол Павле порачува: Прославете Го Бога во своите тела и во своите души (1 Кор. 6, 20). Многумина од нас не сметаат дека молитвата е толку важна и значајна, дека сѐ друго треба да оставиме на страна, и на молитвата да ѝ дадеме предност. Некои молат да им се даде можност да постигнат среќа, според човечкото разбирање. Ако принесуваме молитви со таква содржина нема да се сретнеме со Бога. Молитвата мора да ја има за своја цел соработката со Бога заради соединување со Него, да станеме добитници на Божјата правда и вистина. Потребно е пред сѐ да се љуби својот Господ Бог со целото свое битие, а исто така и својот ближен како самиот себе.

            Пријатна и радосна е секоја средба со пријател, со познат човек, особено оној кого го почитуваме и цениме; дури самата помисла на него ни причинува, на извесен начин, задоволство во нашата душа. Дотолку повеќе и самата помисла на Нашиот Отец, а посебно топлата и срдечна молитва, во која се сретнуваме со Бога, раѓа во нашите срца и души неизмерна радост и душевно задоволство.

Прославувајќи ги денес светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, да се сретнеме прво со нив и да ги помолиме тие да бидат наши покровители и молитвеници пред Бога за подостојно да се сретнеме со нашиот Господ Исус Христос. Да измолиме: мир, здравје, радост и напредување во верата православна со правење на добри дела за да го добиеме ветеното царство што Господ го подготвил за сите оние што вистински Го прославуваат и Го почитуваат. Светите Петнаесет нека ни се на помош на сите, сега и во сите векови. Амин!“

  
  
 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

19/06/2025 - четврток

Петровденски пости;(на масло)

Преп..Висарион Чудотворец


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная