Св. Теофан Затворник (Недела 4. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (88)
Сабота
Господ ги прашал апостолите што мислат во врска со тоа кој е Тој. Преку личноста на апостол Петар, тие рекоа: Ти си Христос (Mk.8, 29). Тоа исповедање не созреало одеднаш. Меѓутоа, кога еднаш созреало и се населило во длабочините на срцето, тоа станало извор на неговото усмерување. Тоа донекаде беше затемнето со смртта на Господ, но не и поколебано. Бидејќи воскреснато во уште поголема мера со Христовото Воскресение, тоа ги поттикнувало апостолоте да проповедаат во текот на нивните животи низ целиот свет.. И кај секој верен постои момент кога тој со сета своја сила ќе рече: "Ти си Христос, мојот Господ и Спасител Ти си моето спасение, мојата светлина, мојата утеха, мојата надеж и живот вечен." Тогаш се случува со него истото како и со апостолот, кој извикал: "Кој ќе не раздели од љубовта Христова!". Слично на него, тој започнува да се "принудува" на сè она што е пријатно на Христос Господ, додека не достата до мерата на растот во полнотата Негова.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (09.04.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.