Скопје, 10 април 2011год.- харам Благовештение, на празникот на преподобен Исихиј Ерусалимски и преподобен Иларион Нови
На 10 април 2011 година, во Петтата недела на Великиот Пост, на празникот на, преподобен Исихиј Ерусалимски и преподобен Иларион Нови, во храмот Благовештение, (во кругот на Клиничкиот центар во Скопје), отец Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата псалтот Горан принесуваше молитви кон Бога.
Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 7)
Во она време слезе Исус во Каиернаум, Он и мајка Му, и браќата Негови, и учениците Негови; и таму останаа неколку дена. Се приближуваше Пасха јудејска, и Исус се искачи во Ерусалим; и ги затече во храмот оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари - како седат. И кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврти масите; па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!“ Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: ,Ревноста за Твојот дом Ме изеде.’ А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека можеш да го правиш тоа?“ И им одговори Исус и рече: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам.“ А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?“ Но Он говореше за храмот на Своето тело. А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус. И кога беше во Ерусалим на празникот Пасха, мнозина, гледајќи ги чудесата Негови, што ги вршеше, поверуваа во Неговото име. Но Сам Исус не им се доверуваше, оти ги познаваше сите, и немаше потреба никој да Му сведочи за човекот, бидејќи Сам знаеше, што има во човекот.
РАСУДУВАЊE
Свeти Симeoн Нoви Бoгoслoв, раскажувајќи за eдeн прeкрасeн младич oд 20 гoдини,Гeoргиј пo имe, какo и пoкрај убавината и младoста, живeeјќи срeдe суeтниoт свeт, гo пoзнал патoт кoн спасeнeитo и сe прoсвeтил сo духoвна мудрoст, завршува сo oвиe збoрoви:
“Разбиратe ли дeка ниту младoста ни прeчи, ниту старoста ни e кoрисна, акo чoвeкoт нeма разум и страв Бoжји?” Штo му прeчeла младoста на апoстoлoт Јoван да пoвeрува вo Христа Гoспoда, а штo им кoристeла старoста на eврeјскитe старци кoга сo умoт билe слeпи и вo свoeтo
слeпилo Гo oсудилe Синoт Бoжји на смрт? Ништo. Ништo нe им прeчи младoста на младитe и вo наши дни да ја пoдарат вeрата и љубoвта на Христа, Кoј oд љубoв и ги сoздал. И ништo нe им кoристи на старцитe oд нашитe дни нивната старoст, акo душата им e затруeна сo злoба кoн Христа. Младo и старo тeлo нe e ништo другo туку нoва и стара oблeка на душата. И eдната и другата oблeка мoжe да ја криe здравата или бoлната душа. А нашата цeл e: здрава и чиста душа.
Преминпортал
Лето Господово 2011