15.04.2011- на празникот на Лазарово воскресение
Манастир посветен на Успение на Пресвета Богородица, Матка
На 15 април, во шестата недела од Великиот пост посветена на свети Јован Лествичник, се отслужи отслужи сеноќно Бдение со Божествена Литургија во манастирската црквата на Успение на Пресвета Богородица во кањонот на Матка. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.
Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки; (Кор.1, 16:13).
Како што основна грижа е да се биде внимателен кон се што може да му наштети на нашето физичко здравје, така нашата духовна грижа треба да биде да внимаваме нешто да не му наштети на нашиот духовен живот, вербата и спасението. Затоа, внимателно проценувајте ги вашите внатрешни импулси: дали се тие од Бога или од духот на злото? Бидете свесни за искушенијата од овој свет и од световните луѓе; бидете свесни за скриените внатрешни искушенија кои доаѓаат од духот на индиферентност и безгрижност и невнимание во молитвата, од исчезнување на Христијанската Љубов. (св.Јован Шангајски)
Во раните утрински часови
Лето Господово 2011
Преминпортал
Фото:
-сестра Харитина
-Преминпортал