Св. Теофан Затворник (Недела 6.. недела) - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА (91)
Шеста недела од постот - Цветна
Многу луѓе излегоа да го поздрават Господ, кој свечено, како цар, влегувал во Ерусалим. Кој тогаш радосно не извукуваше: Осана на Синот Давидов! Но, поминаа само четири дена, и тој ист народ на тие исти јазици извикувал: "Распни, распни го!" Колку чуден престврт! Но, зошто чудење? Зарем не го правиме и ние истото, кога, по примањето на Светите Тајни на Телото и Крвта Господови, веднаш по излегувањето од црквата се забораваме - и својата побожност и Божјата милост спрема нас, предавајќи се, како и порано, на делата на самоугодувањето, најпрвин на малите, а потоа и на големите. Може ни четри дена нема да поминат, а ние самите во себе си го распнуваме Господ, иако не им викаме на другите: "Распни го" И сето тоа Господ го гледа и го трпи! Слава на долготрпеливоста Твоја, Господи!
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (16.04.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.
Друго:
На Цветници повторно се обраќаме кон Бога велејќи: Ти си единствен Господ, Ти си нашиот единствен Цар, ние знаеме и веруваме и исповедаме дека ќе победи царството на Твојата љубов, царството на Твојата победа над гревот, злото и смртта и знаеме дека радоста на таа вера не може да ни ја одземе никој.
И макар што сета луѓето сета своја надеж ја полагаат на сила и насилство, и макар што веруваат единствено во оружје, заговори и страв - ќе победи Твоето царство! И макар што луѓето мачат други луѓе - ќе победи Твоето царство! Не, нема уште долго време да се одржи тоа земно царство на насилства, зла и лаги. Ќе се сруши, како што се срушиле сите претходни земни царства, како што снебиднаа сите претходни силници на овој свет. А Твоето царство, Господи, ќе трае во веки! И ќе дојде време во кое со Својата љубов ќе ги отргнеш сите солзи од нашите очи, кога во морето на Својата радост ќе ја растопиш секоја човечка жалост, кога со светлоста на Својата вечност ќе го осветлиш светот кој Си го создал!
Отец Александар Шмеман