Во ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК ОД СТРАДАЛНАТА СЕДМИЦА
На 18 април 2011 година, во понеделникот од Страдалната седмица, кога Македонската православна црква го слави споменот на светите маченици Агатопод и Теодул, и преподобен Марко Трачески, во храмот на св.Петка во Скопје, се ослужи Литургија на Претходноосветени дарови . Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Поттикнат од Твоето Милосрдие, Христе наш Добротворе, Ти доброволно си излегол на Своето страдање, сакајќи да нè избавиш од страдања и осуда во адот. Затоа сите пееме пофалби на светото Твое страдање и го славословиме Твоето самопонижување, Спасителе.
Повечерие, Велик понеделник
Во понеделникот од Страсната седмица е сеќавањето на блажениот и праведен Јосиф и на смоквата која Господ ја проколна и со тоа ја исуши.
Мудриот Јосиф се покажа како праведен управник. Слава Ти, дарителу на жито.
Синагогата еврејска Господ ја спореди со смоквата лишена од духовни плодови и ја исуши проколнувајќи ја. Да бегаме од таква судбина.
Од Верскиот календар на МПЦ (18.04.2011)
Преминпортал
Лето Господово 2011