Во спомен на Лазаревото воскресение - ЛАЗАРА г. Пимен, надлежен епархиски архиереј на Македонската православна епархја за Европа, во сослужение на парохискиот свештеник, о.Климент Мишањ, повеќе свештенослужители од Струмичката православна епархија, како и ѓаконот Антоние Попоски, отслужи Заупокоена литургија во Македонската православна црковна општина „Свети Прохор Пчињски“.
Митрополитот Европски, по предлог на парохискиот свештеник и верниот народ, го ракопроиведе г. Зоран Иванов, поради неговата ревност во верата и помошта која ја пружа за време на богослуженијата, во чин чтец.
Во текот на вечерните часови, во црквата St. Sisto – Пјаченца, хорот на струмичката православна епархија „Свети Роман Слаткопевец“ одржа едночасовен концерт со духовна музика, на кој присуствуваа голем број од македонските раселенци во Пјаченца.
Во шестата недела на велкиот пост, кога светата православна Црква го прославува споменот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Митрополитот г. Пимен отслужи Божествена Литургија во МПЦО „Свети Прохор Пчињски“ – Пјаченца. Велелепието на Божествената Литургија беше зголемено од членовите на хорот „Свети Роман Слаткопевец“, како и бројното свештенство кои зедоа активно учество.
По Божествената Литургија се одржа и годишно изборно собрание на кое присуствуваа голем број верници од кои беше избран новиот Црковен одбор.
Известува: Антоние Попоски
Фото: презвитера Сободанка Мишањ