2 мај 2011 год- Скопје
На денот кога Светата Православна Црква го празнува споменот на преподобен Јован Ветхопешчерник, во храмот Свети Спас во скопската населба Драчево, беше извршено опело за спомен и упокој на новопочинатото чедо Божјо, протоереј - ставрофор Коста Станоевски, Секретар на Скопската епархија. Опелото го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, монаси и бројно свештеноство на МПЦ.
Денес свечено замина кај својот Создател и Бог.
Нашиот Бог е Бог на живите и во Него нека најдат успокојување сите праведни души.
Бог да го прости!
Вечнаја памјат!
Преминпортал
Лето Господово 2011