Денес, во катедралната црква на света Софија во Охрид, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот струмички г. Наум, Митрополитот повардарски г. Агатангел, Митрополитот европски г. Пимен и Митрополитот брегалнички г. Иларион. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а многумина се причестија со Светите Христови Тајни. После Литургијата се одржа промоција на јубилејниот зборник „25 години Митрополит Тимотеј“, во издание на издавачката установа Канео, при Дебарско-кичевската епархија.
Денешните свечености се одржаа по повод 25 години архиерејско служење на Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј и по повод 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.
Посети:{moshits}