Охрид /16/12/ 13:55
МПЦ:
Македонскиот народ има свое име и своја држава која се вика Република Македонија и нема никакви причини за отстапување или прифаќање на некакви асоцијации кои ќе не направат безимени.
Ова денеска во Охрид го истакна портпаролот на Македонската православна црква (МПЦ), Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Според него, последните притисоци за промена на уставното име кои доаѓаат од европските десничарски партии не се ништо ново.
“Таквите обиди се познати и од нашите соседи“, рече Тимотеј.
МПЦ најави жестока реакција доколку властите се обидат да го сменат името.
“МПЦ најжестоко ќе реагира на секој обид на државните власти за промена на името бидејќи тоа нема да го прифати не само МПЦ туку и македонскиот народ затоа што тоа е обезличување што никој нема право да го направи“, рече владиката Тимотеј.
Извор:Макфакс
Македонската Православна Црква жестоко ќе реагира на прифаќањето на евентуална промена на уставното име на Република Македонија, најави вчера во Охрид митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, господин Тимотеј, по завршувањето на промоцијата на монографијата посветена на 25-годишнината од неговото раководење со епархијата. Доколку македонските власти под нечиј притисок прифатат какви било промени во името покрај МПЦ г. Тимотеј очекува реакција на сите граѓани од Македонија.
„Македонскиот народ има свое име, имаме држава Република Македонија и не гледам причина поради влегување во разни асоцијации да останеме безимени. Доколку се случи промена на името, жестоко ќе реагира МПЦ, но и македонскиот народ зошто тоа е обезличување што никој нема право да го направи“, рече митрополитот Тимотеј. Тој додаде дека вековната традиција на македонската самобитност, историја и култура што е легитимна пред светот е доволен аргумент тоа да го сфатат и да не го злоупотребуваат нашите соседи.(Извор: МПЦ)
Посети:{moshits}