Верата и Надежта
Верата значи предаденост,
Да веруваш - значи да се предадеш,
Да веруваш - значи да се надеваш,
Да веруваш - значи да се откажеш,
да се откажеш од себеси,
и да се поробиш, верувајќи
и да се надеваш во Оној
во Кој веруваш - Кој те поробил
и во Него пак си слободен,
Врзан си со љубовта –
Која никогаш не престанува.
(Антонио Лазески)
Манастирот на св. Никола- 17 декeмври, Лето Господово
До овој прекрасен манастир утрово за да се отиде на Литургија, неизбежно беше да се отпешачи. Насекаде околу величествената тишина и снежната прекривка беа придружници. Тивката молитва ја допира душата и како смегулка нежно се спушта во неа.
Се наоколу е толку тивко, ниедно движење не го пореметува совршениот мир кој владее тука.
Доближувањето до манастирот ја појавува и мислата дека сеуште не е изграден конакот во овој женски манастир. Белината околу него како да ја потенцира неговата руинираност.
Со пречекорување на манастирските порти, сликата сосема се менува. Сестринството на манастирот(посветен на свети Никола ), со својата постојана, пожртвувана љубов и труд, а се во слава на Бога и светителот, преубаво го уреди домот Божји.
Секако , крајната цел на патеката по која чекориме, е домот Господов. Небесниот Ерусалим.
Амин!
Други текстови:
Христијанската етика и пороците во современиот живот
Само посета, или нешто повеќе ?!
посети:{moshits}