логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 clip_image002

copy of sinod mpc

patrijar aleksij vo ohrid

На овој свет чин му предходеа повеќе настани. Имено, на 4-ти март 1945-та година во присуство на над 300 делегати, свештеници и мирјани, во Офицерскиот дом во Скопје е одржан Првиот македонски црковно-народен собор на кој се донела резолуција од 7 точки. Таа обврзувала да се обнови Охридската Архиепископија како Македонска православна црква, која би била самостојна и непотчинета на која било помесна национална православна црква, со свој клир и свој архиепископ, која што ќе може да влезе во составот на евентуалната општа Југословенска патријаршија како рамноправна, доколку истата биде формирана. Оваа резолуција ја отфрлил САС на СПЦ на 22 септември 1945-та година. На 9-ти и 10-ти мај 1946-та година, Иницијативниот одбор за оргазнизација на МПЦ, во присуство на над 200 свештеници донел нова резолуција во насока на создавање и организирање на национална црква во НР Македонија. САС на СПЦ на 23-ти ноември 1946-та година ја отфрлил и оваа резолуција. Уставот на СФРЈ, кој бил донесен во 1953-та година, во член 46, меѓу другото, овозможувал слободно исповедање на верските права и слободи. Согласно тоа, на 4-ти април 1957 година Иницијативниот одбор потпишал спогодба со СПЦ, која овозможувала постепено формирање на автономен црковен апарат во Македонија, со сопствен висок клир и свештенство. Од 4-ти до 6-ти октомври 1958 година, во Охрид се одржал Вториот црковно-народен собор, на кој се донела одлука за обновување на Охридската Архиепископија, укината во 1767 година. Меѓу другото се формирале и три епархии, а за поглавар бил избрфан г. г. Доситеј, дотогашен епископ Топлички, викар на Српскиот патријарх, Герман, со титула архиепископ Охридски и скопски и митрополит македонски, со седиште во Скопје. За членови на Синодот биле избрани епископите: Охридско-битолски, г. Климент и Злетовско-струмички, г. Наум. Истовремено, Архиерејскиот Сабор на СПЦ, со одлука бр. 47/1959 и 6/1959 година, зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година, во целост ги потврди одлуките на Македонскиот црковно-народен собор. Меѓу другото, во одлуката на Српскиот архиерејски собор, покрај другото стоело дека за епархиите во Македонија повеќе не важи Уставот на СПЦ. Меѓутоа, поради националистичките побуди кај дел од високиот клир на СПЦ, тогашниот патријарх Герман престанал да ги почитува дотогашните одредби од резолуциите и договорите помеѓу СПЦ и МПЦ, и почнал да се декларира единствено како „патријарх Српски“, а не како „патријарх Српски и Македонски“.
По извесно време, поради овие околности, а откако беа создадени потребните услови, Светиот Синод на МПЦ, на 17 јули 1967 година во Охрид го свика Третиот црковно-народен собор, на чијашто свечена седница во охридскиот храм „Света Богородица - Перивлепта“, ја прогласи МПЦ за АВТОКЕФАЛНА. На 19 јули, во истиот храм, се отслужи света Божествена литургија, во сослужение на сите членови на Синодот на МПЦ, кога се случи и чинот прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква.

На многаја лета!

 patrijarsi

precek dositej german 59

sinod mpc

Извор:

http://www.spe.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=205:44-godisen-jubilej-od-proglasuvanje-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa&catid=36:novosti&Itemid=2

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

09/07/2026 - четврток

Петровденски пости; (на масло)

Преподобен Давид; Празник на Тихфинската икона; Празник на иконата Одигитрија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная