Лесновски манастир, 31.07.2011год.
На 31. 07. 2011 година, во седмата недела по Педесетница, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополит Брегалнички г. Иларион, игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, и свештеници од МПЦ и дијаспората, отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше обележана и со ракополагање во еромонашки чин на ероѓаконот Гаврил.
ГОСПОДИ СПАСИ МЕ!
Бидете храбри! Јас сум! Не бојте се.
А Петар му одговори и рече:
Господи ако си Ти нареди ми да дојдам при тебе по водата.
Тој пак рече : Дојди!
И Петар слезе од коработи одеше по водата да дојде при Исуса.
Но кога го виде силниот ветар, се исплаши, почна да тоне и извика, велејки:
Господи Спаси ме!
А Исус веднаш ја испружи раката ...
Господи, биди со нас, и подавај ни ја секогаш Твојата рака на спасението
во секој момент кога и ние како Петар ќе повикаме кон тебе: Господи спаси ме!
За Преминпортал: Латина Стаменкова