По повод големиот христијански празник Преображение на Господ Исус Христос на планината Тавор се отслужи Златоустова Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, во Скопје. Бројниот верен народ се причести со Сетите Христови Тајни. По Литургијата беше благословен лозовиот плод, и се направи мал петочен водосвет.
Подобен:Повикан од Бога:
Пред
Твоето чесно страдање и крст, Господи, откако ги зеде со Себе Твоите
избрани ученици, се искачи на Таворската Гора, сакајќи да им ја покажеш
Твојата слава. А тие, откако Те видоа преобразен и како светлиш повеќе
од сонцето, паднаа на земјата и се восхитија на Твојата сила, викајќи:
Ти си, Христе, вечната Светлина, и сјајот на Отецот, иако доброволно се
јави во тело, Неизменливи
Ти, Кој си Бог Слово пред вековите, и Кој се облече во светлина како во
облека, и се преобрази пред Твоите Ученици, Ти, Слово, засветли повеќе
од сонцето. Мојсеј, пак, и Илија застанаа крај Тебе, откривајќи Те како
Господар на мртвите и на живите, и славејќи ја Твојата неискажлива
милост и промисла, и големото милосрдие, со кои си го спасил светот, кој
поради гревот загинува.
Господи, Кој се воплоти и од девствениот облак се роди, и се преобрази
на Таворската Гора, и од светол облак беше окружен, гласот на Родителот
јасно Те нарече Свој возљубен Син, пред учениците, како едносуштен и
еднопрестолен. Затоа Петар, восхитувајќи се и не знаејќи што зборува,
говореше: Добро ни е да бидеме овде, многумилостив Добротвору.
Слава, и сега, глас 8.
Византиева: Христос ги зеде Петра, Јакова и Јована, на една висока
планина, и пред нив се преобрази, лицето Негово светна како сонце, а
облеката Негова стана бела како светлина; и се јавија Мојсеј и Илија
говорејќи со Него, и светол облак ги засени; и, ете, глас од облакот
говореше: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја, Него
послушајте Го.
Преминпортал
Лето Господово 2011