Во денешново успенско попладне во посета на Бигорскиот манастир дојде генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова од Р. Бугарија. Во нејзина придружба беа и министерката за култура на Р. Македонија, г-ѓата Елизабета Канческа – Милевска, којашто веоедно е и претседател на националната комисија за УНЕСКО, г. Агрон Буџаку, амбасадор на РМ во Франција и постојан делегат при УНЕСКО, г. Јордан Плевнеш, амбасадор, и г. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура. Посетата на Бигорскиот манастир беше дел од програмата за официјалната посета на генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Ирина Бокова на РМ. Гостите беа пречекани со манастирско гостољубие од страна на нашиот игумен архимандрит Партениј. Неговото Високопреподобие ги запозна посетителите со историјата на манастирот, но и со напредувањето на неговата обнова и доградбата. Исполнети од присутната успенска радост и празничниот амбиент, гостите го напуштија манастирот со видливо задоволство.
Повеќе: