На 29.08.2011 година, денот кога го чествуваме празникот на Неракотворниот лик на Господ Исус Христос и св. Јоаким Осоговски, света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на присутните верници и им подели нафора.
Повеќе: