Македонците од Калифорнија на најсвечен начин го прослав овој голем христијански празник.Денот беше искористен и за повеќе поводи. По Светата Литургија се одслужи и молебен по повод почетокот на новата учебна година, а учениците целивајќи ја иконата на нашиот просветител и учител Свети Климент побараа благослов од Бога за подобар успех во новата учебна година.
Веднаш потоа во црковната сала се одржа и духовна академија посветена на 20 годишнината од самостојноста на нашта татковина Македонија. Присутните гости ги поздрави претседателот на црковната општина господинот Мите Ристовски, а учениците при црковното уцилиште се представија со пригодна програма.Радоста по тој повод беше голема. Среќата од успесите на нашата Татковина се читаше на лицата од присутните, а неможеа да се сокријат и солзите радосници.
Од име на членовите на Македонската православна црковна опстина Успение на Пресвета Богородица на сите Македонци им го чститаме 20 годишниот јубилеј.
За Преминпортал од Калифорнија:
о.Ристо Ристовски