логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 07.jpg

ВО НАВЕЧЕРИЕТО НА МАНАСТИРСКАТА СЛАВА
10 септември 2011

Дојдете, луѓе, пророкот и маченик, и Крстител Сапсителов да го прославиме, бидејќи тој, бегајќи во пустина се насели, каде што јадеше див мед и зелје, и царот беззаконик го изобличи, а нашата малодушност ја утешуваше, говорејќи: „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно.“(Стихира од вечерната богослужба)Со какви зборови да прозбориме за достојно да го опишеме ова денешно торжество? Кои крилати слова умеат да ја пренесат оваа неопислива благодат? Денес го празнуваме највеликиот од светиите, после Дева Марија  - Претечата Господов. Св. Јован Крстител, кој во себе носи подвизи и венци на пророк, зашто е последен од пророците. Тој е оној кој го предвести скорото доаѓање на Спасителот во светот. Тој е и првиот апостол, затоа што им го покажа на луѓето дојдениот да пострада заради  нас. И првообраз на светителите, зашто со крштевањето е првообраз на светите христијански тајни. И исповедник зашто за правда бил затворен во темница; маченик зашто примил смрт поради правдата. Тој е праведник зашто ги сочувал целомудрието и чистотата на својата душа, општејќи со луѓето и секогаш непоколебливо исповедајќи ја вистината. Како проповедник, пак, им проповедал на луѓето за покајанието – она најнеопходното за наше спасение, единствениот пат кон љубовта. Светите Отци велат: „Христос е олицетворена љубов, а св. Јован - пример на покајание“. И сега, прославувајќи го Јована Крстител, не можеме, а да не се радуваме, што во неговиот лик Господ толку многу ја издигнал човечката природа.

05.jpg

Затоа браќата од свештениот Бигорски манастир, знаејќи ја добро големината на славниот Претеча, започнаа да го слават овој за нив навистина голем празник, со чувство на посебна почит и љубов кон својот најмил закрилник и патрон. Уште на самиот почеток на вечерната свечена богослужба во велелепно украсениот соборен храм, предводена од Н. В. митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј и Н. В. митрополит Повардарски, г. Агатангел, срцата на сите присутни се сплотија во едно непрестајно благодарење кон оној кој, како претеча на монасите, штедро ги залева со рајска роса бујните ластари на Бигорското духовно лозје, така што тие непрестајно принесуваат обилни плодови. И денес, следејќи го примерот на првиот новозаветен испосник, ова Бигорско лозје, со љубов одгледувано и растено од својот старец, архимандрит Партениј, роди три нови фиданки, три прекрасни цвета со небесен миомирис. Обвиткани во молитва, излеана од трепетот на повеќе од илјада срца и водени од Старецот, кој ги закрилуваше со неискажлива татковска љубов, искушениците Кристијан, Зоран и Синиша пристапија  во бели кошули пред светиот олтар за да примат монашки постриг. Побрзај да ми ги отвориш татковските прегратки¬ – возгласи  нашиот духовен татко, предавајќи ги своите чеда во жива жртва на Господа и на Неговиот Крстител. Возвишениот чин на монашки потстриг беше извршен од нашиот надлежен архијереј, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, пред кого тројцата нови отци ги положија монашките завети. Христофор, Захариј и Евфросиниј се тројцата нови ангели во тело, новите молитвеници за нашиот христољубив народ. „Сакаме испоснички живот, Високопреосвештени владико!“ – одекнаа во еден глас овие силни зборови од срцата и устите на новите монаси. „Едни Му принесуваат на Бога сребро и злато, други нежни свилени ткаенини, а трети излеваат чисти капки солзи – некои, пак, сами себеси се принесуваат, во жртва непорочна пред Христа“ – вели св. Григориј Богослов. Какава огромна радост е тоа за нашите срца, но кој може и да претпостави какво ли е торжеството  денес на набесата! Се радуваат ангелите, се радуваат преподобните и богоносни отци, се радува и заштитникот на монасите – св. Јован Крстител!

7.jpg  08.jpg

09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

015.jpg  16.jpg

17.jpg

18.jpg

Во своето похвално слово во чест на св. Јован Претеча, митрополитот Тимотеј со пастирска љубов им се обрати на новите монаси: „Драги браќа монаси, Христофор, Захариј и Евфросиниј, кои вечерва го зедовте монашкиот завет! Никогаш не престанувајте да бдеете и да стражарите над вашите помисли и секогаш имајте на ум дека духовниот непријател е силен и лукав. Но, Господ, нашиот Бог, и светата Мајка Божја и св. Јован се посилни и секогаш подготвени да ви бидат од помош да го победите злото, кое неизбежно ќе ве напаѓа во вашиот монашки подвиг. Носете го ангелскиот лик за прослава на светата православна Црква, за просперитет на Светиклиментовата Македонска православна Црква, за слава на Бигорскиот манастир, а за спасение и вечен живот на вашите души. Амин!“

25.jpg

26.jpg 

28.jpg

По завршувањето на вечерната богослужба, празничното ликување беше збогатено со полчасовен концерт на класична музика, во изведба на гудачкиот квартетот од Тетово, во состав на Нада Лесковска (виолина I), Глигор Кондовски (виолина II), Љубица Симовска (виолa) и Марјан Ивановски (Виолончело). Потоа настапи моментот за премиера на документарниот филм „Метох“ во изработка на режисерот Стојан Вујичиќ, продуцентот Огнен Антов и камерманот Емил Јовановски. „Метох“ е, навистина, прекрасна реализација на филмското платно, чијашто содржина е животот на монахињите од манастирот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ од Рајчица, метох на Бигорскиот манастир. Одлично е доловен духот на монашкото секојдневие: богослужбите, духовноста, послашанијата – со посебен нагласок на изработувањето на архијерејските митри. Промоторот на филмот, новинарката Маргарита Столевска ни го претстави филмот со овие прекрасно сложени и вдахновени зборови: „Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, митрополит Повардарски, г. Агатангел и игуменот на Биогрскиот манастир, нашиот најмил отец Партениј, посакувам добредојде на сите вас, почитувани верници, драги пријатели, гости и љубители на бигорските убавини. Не постои човек кој стигнал до овде, а до кој не допрела благодатта на Божјата рака, исцеленијата на чудотворната икона, милоста на свети Јован и духовноста на Бигорските браќа. Овде сѐ е Божја убавина, како парче скинато од рајот, подарено на секој од нас да нѐ зближи преку молитвата и да нѐ соедини во добрината. Овде сите сме едно, едно срце и една душа. Бигорски е дар и украс, инспирација на уметниците и исцеление на верниците... Отесекогаш било и ќе остане така. Сѐ овде е вечност, белег на бесценета вредност... И ова небо... и овие води... и секој камен... сѐ станува вечност... Тука сме вечерва да оставиме уште еден белег на ремек делото на мијачките мајстори, на сведоштвото на монашките молитви, на чудата на св. Јован и на преубавиот метох на св. Георгиј во Рајчица. Спомнете си за првиот и секој следен поминат миг низ овие порти, за секоја средба со вашиот духовен отец, за секоја милост на овие монашки очи и кроткост на секој монашки збор. Има само почеток: ’Некој и нешто што веднаш ни станува род‘. Филмот „Метох“ ќе нѐ потсети на сѐ рајско создадено овде и во метохот на св. Георгиј, на фреските и резбите, конаците и песните, исповедите и солзите, на гревот и покајанието, на болката и исцелението, на децата кои се крштеваат, на вљубените кои се соединуваат, на спасението од секоја изгубена надеж... Филмот ќе ни ја раскаже приказната за светлината пронајдена во монашкиот ред, за молитвата од зори до залез, за ноќите исполнети со копнеж за Божјата милост, за огнот што ќе светли за да ни го покаже патот и никогаш нема да згасне. Иако ’благодарам‘ е само збор, тие ќе разберат дека е длабоко од нашата душа и топло од нашето срце. Најсилно благодариме на Бога за овој прекрасен манастир, на св. Јован за секој род, на св. Георгиј за секој дар, на монашките браќа за сета милост и мудрост и на нашиот најмил отец Партениј и неговото најголемо срце, каде се раѓа и живеее секоја молитва за нашата вечност“.Проекцијата на „Метох“ се одвиваше под отворено небо, во манастирскиот двор, непосредно до Горни Палат, во присуство на илјадниците верници. Меѓу гостите беа и неколку претставници на власта, љубители и помагачи на Бигорскиот манастир: г. Мартин Протогер – шеф на кабинетот на Премиерот на РМ, г. Кире Божиновски – генерален секретар на Владата на РМ, г. Влатко Ѓорчев – пратеник, г. Илија Димовски – пратеник и порф. д-р Васко Наумовски – екс-вицепремиер. 

 29.jpg

30.jpg

Силните впечатоци од светата богослужба и возвишениот чин на монашењето, како и задоволството од документарниот филм „Метох“, оставија радосни траги во срцата и на лицата на многубројните поклоници на св. Јован. Духовната наслада што ни ја донесе таа септемвриска, од Бога преполнета со благодат, вечер, продолжи и во подоцнежните вечерни часови. Верниците, пак, со умиление во срцата непрестајно Му благодареа на Бога и на Неговиот возљубен Претеча и Крстител Јован за пребогатата духовна трпеза, што им беше приредена во таа мистична вечер. И доликува на Троединиот Бог да Му се принесува секаква слава, чест и благодарност, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во век и веков. Амин!

Известуваат Браќата од Бигорскиот манастир

Повеќе:

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

09/07/2025 - среда

Петровденски пости (строг пост)

Преподобен Давид; Празник на Тихфинската икона; Празник на иконата Одигитрија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная