логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
jubilej.bogoslovskif.jpg
Денес, 24. 12. 2007 г.во 12ч ќе се одбележи јубилеот на Богословскиот факултет „св. Климент Охридски во Скопје.
Православниот богословски факултет во Скопје одбележува 30 години постоење

Скопје, 24 декември (според -МИА) - Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје денеска ја одбележува 30-годишнината од постоењето. По тој повод на Факултетот во салата „Архиепископ Доситеј“ се одржа свеченост на која присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан, , владицитe: Митрополит Полошко- кумановски г. Кирил, Митрополит Преспанско -пелагониски г. Петар, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Повардарски г. Агатангел, митрополит г. Горазд, отци, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Ѓорѓи Мартиновски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници Звонко Муцунскиуниверзитетски професори, академици и студенти.

- Во ова 2007 лето Господово ние одбележуваме 30 години од постоењето на Православниот богословски факултет во оваа наша, современа форма (1977-2007) или 1121 година од богословските студии кои биле основа на Светиклиментовиот универзитет во Охрид (886-2007), рече во поздравното обраќање деканот на факултетот Ратомир Гроздановски.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ, посочи Гроздановски, во 1977 година донесе одлука за отворање Богословски факултет и со тоа црквата создаде највисока духовно-просветна и научна институција за високо образование.

Прв декан на Факултетот е тогашниот митрополит Повардарски Гаврил, а подоцнежен трет поглавар на МПЦ. Први професори на Факултетот беа најистакнатите црковно-просветни дејци и професори од Богословијата. 

- Овде се развива значајна црковно-просветна, духовна, едукативно-воспитна и научна дејност. Годинава јубилејот го одбележуваме и со тоа што отворивме постдипломски магистерски студии. Ова е големо и многу значајно постигнување. Тоа сведочи за подготвеноста и изграденоста на Факултетот, како и за неговата способност да ги согледа и да одговори на потребите на Црквата, во нејзиното дејствување, рече Гроздановски, најавувајќи дека Факултетот за неколку дена ќе ја отвори и својата интернет страница.

На Православниот богословски факултет досега се запишале 1.229 студенти од кои во изминатите 30 години дипломирале 248. На Факултетот се запишани 259 студентки од кои дипломирале 46. 

Во рамките на програмата за одбележување на 30-годишнината од постоењето на Факултетот, 59 дипломирани теолози добија дипломи и беше благословен празничен леб.

 

На свеченоста настапи македонскиот бард Борис Трајанов, а беше отворена изложба на македонска иконографија на која се претставени 15 дела од тројцата македонски современи зографи Ѓоко Цветковиќ, Венко Цветков и Анѓел Миов. рп/паг/ 


 

 

 

 

{moshits}

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

22/07/2025 - вторникник

+Св. свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски; Св. свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит; Преп. маченици Патермутиј и Коприј; Преп. Патермутиј и Коприј; Св. Теодор, епископ Едески и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули  2025

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули 2025

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная