логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

БИЗНИСОТ, ЦРКВАТА И ДРЖАВАТА ЌЕ БИРААТ ...?


 


Поглаварот на Македонската Православна Црква, г.г. Стефан остава простор да се разговара за промена на календарот. Иако неговиот личен став е дека на христијанството му е потребен единствен, веројатно трет календар, сепак тој вчера начелно го прифати предлогот на бизнис заедницата за ова прашање да се отвори поширока дебата. Секоја година пред Божик, во јавноста се поставува прашањето дали Македонија треба да го прифати новиот Грегоријански календар и да ги усогласи празниците заедно со европските држави. Ако досега тоа главно го поставуваа медумите и поединци, овој пат тоа пршање доби официјален предлог. Сојузот на Стопански комори побара заедно со Владата и црквата да седнат и да најдат начини како да се реши ова прашање.

Архиепископот г.г. Стефан вели дека пред 30 години ова прашање било разгледувано на црковните тела, но надвладеал ставот дека МПЦ треба да остане да ги слави празниците според стариот Јулијански календар.

- Прашањето од бизнис заедницата е интересно прашање заради бизнис релациите со западниот свет. Инаку, календарот не е догматско прашање, бидејќи православните цркви денес се поделени по ова прашање, некои слават по Јулијанскиот, а други по Грегоријанскиот календар. Веројатно ова прашање ќе дојде на дневен ред на Светиот архиерејски синод, но кога јас би се прашал, би посакал заеднички календар за сите хријански цркви, вели архиепископт г.г. Стефан, нагласувајќи дека е добро за ова прашање да се дискутира.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, завчера на премиерот Никола Груевски му соопшти дека бизнис елитата има потреба од услогласување на празниците по единствен календар.

- Македонија ги слави христијанските празници во исто време само со уште неколку држави, кои се надвор од Европската унија и се надевам дека за ова ќе разговараме со Владата и Црквата, вели Венко Глигоров, претседател на Сојузот на стопански комори.
Во Владата пак велат дека сите предлози добиени од Сојузот на стопански комори ќе ги разгледаат, но за календарот велат дека е црковно прашање во кое главниот збор ќе го има црквата.

Македонија заедно со Русија, Србија, и дел од Грција и Света Гора, го практикуваат Јулијанскиот календар. Останатите православни цркви, меѓу кои од пред десетина години е и Бугарската православна црква, празнуваат по Грегоријанскиот календар. Историските искуства покажаа дека речиси во сите држави каде се изврши промена на календарот се појавија нови црковни расколи. Класичен пример е Грција.

Науката без теологијата е саката!

Православниот богословски факултет "Св. Климент Охридски" вчера прослави 30 години од своето постоење. Во овие три децении од клупите на овој факултет излегоа најголемиот број кадри кои ја градеа независноста и афтокефалноста на Македонската православна црква. Деканот, проф. д-р Ратомир Грозданоски, вели дека Богословскиот факултет одиграл заначајна улога во нестабилните времиња на Македонската црква. Дури седуммина од актуелните членови на САС на МПЦ, дипломирале на овој факултет. Факултетот својата иднина ја гледа во воведувањето на верското образование, но и во конечното интегрирање во составот на државниот универзитет "Св. Кирил и Методиј".

- Теологијата мора да биде составен дел од Универзитетот, затоа што науката и теологијата се заемно поврзани. Теологијата без науката е слепа, а науката без теологијата е саката, вели проф, д-р Ратомир Грозданоски, декан на Богословскиот факултет.

Марјан Николовски - Вечер


Прашања од читателите на Преминпортал:

Име: јован
Email: j.petrovski@yahoo.com
Прашање: Кој има право да го менува календарот. Зарем бизнисмените и Архиепископот знаат повеќе од нашите свети отци кои го востановиле овој календар. ДА не спомнувам под каков притисок биле променети календарите на останатите православни цркви. Календарот не е догма но притисок вршат католиците со цел да се оствари нивниот сон единство со православието без покајание, е за тоа малце ќе почекаат. Кој сака единство со православието одговорот е едноставен нека премине во православие. И да му порачате на Архиепископот дека како што нема да има промена на името Македонија нека не се осудува да помисли за промена на календарот. Зарем русите и србите и ние сме глупи и назадни. Бизнисмените ако сакаат нека си ја продаваат верата и календарот ама црквата нема да дозволи некои лаици да и кажуваат што да прави а уште помалку ќе дозволат Архиепископот да го стори тоа. Секое добро.

Име: Т
Email: zlatanovska@gmail.com
Прашање: Во врска со инцицијативата за менуванје на календарот.

Како православни христијани основен двигател за се што правиме треба да ни биде распнатиот заради нас Господ Исус Христос. Календарот можеби и не е догматско прашање, меѓутоа во неговото менување заради „ "бизнис релазиите со западниот свет“, како што рече Архиепископот, не гледам обид да му се угоди на Христа, туку на финансиските амбиции на поединци. Така, менувањето само по себе можеби не е нарушување на догмите, меѓутоа менуванјето заради финансиска добивка... А да не зборам дека во времето кога Христијанството ги давало своите најголеми светители, маченици, учители, се користел Јулијанскиот календар.

Второ, не можам да разберам зошто сегашниот календар толку многу им пречи на бизнисмените. Ние работиме дури западот слави, и во тоа не гледам никаква препрека или пропуштена бизнис прилика за нашите фирми. А кога ние славиме, неработен е еден ден, и тоа во период кога бизнис активностите на целиот запад значајно стагнираат и настапува финансиски најнеповолниот период за секоја фирма поради значајно намалената продажба, со мали исклучоци во некои индустрии.

Што ќе се случесе ако на 7-ми Јануари се паднеше денот на независноста на Македонија, дали ќе се бунеа бизнисмените?? Најверојатно не, ама кога е верата во прашање сакаме да бидеме„"флексибилни“. :(

Се надевам дека МПЦ нема да го смени календарот. А ако го сменат, со тешко срце, ама сепак ќе ја имаат мојата послушност. Расколот и непослушноста се најлоши од се!!

Христос посреди нас!

 

Посети:{moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

 Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице,

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная