На 30 октомври 2011 година, во деветнаесеттата недела по Педесетница на празникот на Светиот пророк Осија; Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот маченик Андреј, (во кругот на Клиничкиот центар во Скопје), се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата псалтот Горан принесуваше молитви кон Бога.
Свети Максим Исповедник
Како што телото, умирајќи се одделува од сè што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.
Preminportal
Лето Господово 2011