логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


01.jpg
20 ноември 2011

02.jpg
 Овој прекрасен неделен ден бевме сведоци на два ретки и многу радосни настани: одбележување на 30-годишнината од пастирската работа на нашиот архиjереј г. Тимотеј, како митрополит на Дебарско-кичевската епархија, и осветувањето на новото митрополитско седиште во Охрид. Соборниот храм на преславната Охридска Архиеписопија – „Св. Софија“, каде и ѕидовите на смирената византиска архитектура испишани со чудесен живопис, говорат за некогашната недогледна слава на оваа помесна православна Црква, беше средиште на уште едно големо собитие од историјата на нашата Црква.  Во присуство на речиси сите владици од Светиот Архијерејски Синод на МПЦ – ОА, на бројното монаштво, свештенство, а се разбира и на мноштвото верен народ, со божествена архијерејска Литургија торжествено беше одбележан 30-годишниот јубилеј на нашиот возљубен пастир и владика. „Се собравме за да учествуваме и да му ја зголемиме радоста на денешниот славеник и за да му искажеме заслужна почит за неговиот неуморен и пожртвуван труд во служба на Македонската Православна Црква. Дојдовме за да покажеме дека неговото денешно славење е прослава на сета наша Црква... Со доаѓањето на митрополитот г. Тимотеј на чело на Дебарско-кичевската епархија, во неа се случи вистинска духовна ренесанса. Веќе три децении во оваа епархија постојано се градат и обновуваат и цркви и манастири, но уште повеќе се градат и обновуваат и садови на Светиот Дух. Се почитува и негува делото на св. Климент Охридски и неговиот собрат св. Наум; нивните манастири се возобновени и заедно со Бигорскиот и манастирот „Света Пречиста Кичевска“ претставуваат непресушни извори на благодат... Митрополитот Тимотеј со своето досегашно дело потврди дека, навистина, да се служи на Црквата е големо и возвишено дело. Да се посвети својот живот во мисија на Црквата е дело за историја, и ќе речам, и дело за вечност“  - ова беше само дел од пофалните зборови на Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во неговото пригодно слово. Вчерашниот свечен настан беше и повод за митрополит Тимотеј да ги врачи Ордените на Свети Наум од прв ред, доделени на луѓе заслужни за духовното и матаријално издигнување на Дебарско-кичевската епархија во изминатите години. Добитници на ова престижно одликување беа: Неговото Блаженство, г.г. Стефан, митрополит Горазд, академик Цветан Грозданов, академик Петар Хр. Илиевски, г. Никола Матлиевски – Пашата, и г. Трифун Костовски. По завршувањето на светата Литургија, молитвениот и славенички собор се упати кон дворот на црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“, каде што се наоѓало некогашното егзархиско школо. Старата училишна зграда, изградена во почетокот на XXот век од многудоблесниот и прочуен митрополит Григориј, во прекрасен стил, а во склад со духот на тоа време, денес е повторно во рацете на Црквата, благодарение на родољубивата одлука на Владата на РМ за денационализација на некогаш неправедно одземените имоти. Со заложбите на митрополит Тимотеј оваа зграда сега е претворена во административно седиште на Дебарско-кичевската епархија. По осветувањето на возобновената зграда, верниците имаа можност да влезат и подробно да ги разгледаат просториите каде ќе биде сместено административното тело на епархијата. Високопреосвештени владико, Бигорското братство и сестринството од Рајчица Ви посакуваат уште долги години богоугодно пастирствување со доверената Ви од Бога паства. НА МНОГАЈА ЛЕТА ВЛАДИКО!

 03.jpg

 04.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg

08.jpg

11.jpg

16.jpg

 

 18.jpg

 19.jpg

21.jpg

 20.jpg

Извор:

http://bigorski.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=747

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная