Духовното послушание е неопходно во секојдневниот живот! Да ја претпочитате волјата на другиот, повеќе, отколку вашата! Да го примите со потврден став секое барање на вашиот духовник, на еден брат или на една сестра, така што ќе создадете лека-полека, внатре во вас и околу вас една благопријатна атмосфера и вашето срце ќе стане многу меко, многу чувствително на секое внатрешно движење, на сите духовни промени. Со послушание, срцето постојано станува сè почувствително, за животот на другите, за нивните страданија, за нивниот напредок и за нивните потреби.( Старец Софрониј )
Друго:
Старец Софрониј
Кога сме собрани сите заедно, должни сме да бидеме како еден човек, според образот на Троичниот Бог, Кој е само Еден Бог! Ова не можеме да го постигнеме освен преку восприемањето на Светиот Дух во себе. Доколку имаме внатрешно безредие на нашите лоши помисли, напорите ќе ни бидат безуспешни. Како да се здобиеме со оваа благодат? Како да живееме, та Бог и Неговиот Свет Дух да се вселат во нас? Треба да бидеме послушни! Само, ако постојано внимаваме на нашиот брат, успеваме да создадеме во нас еден вид ‘радар’, за да го почувствуваме она што другите го мислат, нивната волја и духовната состојба. Наспроти тоа, без послушание, особено, ако прво го бараме нашиот спокој, ќе бидеме одделени од другите и ќе бидеме несложни.