На 6 јануари 2012 кога Светата Православна Црква ја празнува преп.мч-ца Евгенија и БАДНИК со почеток во 08:00 ч. во мастирската црква Св.Георгиј Победоносец во Скопје беа одслужени Царски часови и вечерна со Василиева Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше отец Горан Тасески во сослужение на ѓакон Игор Настоски.
Во евангелските четива се подсетувавме дека во овие денови Господ ни проговори преку својот Син. Синот се подложи на искушенија за да им помогне на нас луѓето за да станеме едно во Исуса Христа.
Отец Горан Тасески во проповедта истакна дека во овие денови, кога човештвото го слави Рождеството Христово, можеме да забележиме однесувања кои одстапуваат од духот на прославата. Се палат огнови, се нарушува Божикниот пост со храната и однесувањето. Отецот повика да се впрегнеме да не ја изгубиме вредноста на поуките на Светите Оци наши Климент и Наум кои своите животи ги посветија за наше духовно раѓање. Од Божикниот пост и молитви со милосрдие да им појдеме во пресрет на блиските и нивните потреби, а не да чекаме тие да ни пријдат. Од празнувањево да изцрпиме духовни сили за да се спротивставиме на хедонизмот кој се повеќе го напаѓа современиот човек.
За Премнпортал:
Ратислав Кардалев